hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Словенија е фаворит, но ние не излегуваме со „бело знаме“

брифинг Дебрецин

Македонските ракометари вчера пристигнаа во Дебрецин, каде веќе утре на премиерата на новото Европско првенство против Словенија ќе го одиграат и првиот меч на шампионатот. Напладне на брифингот со новинарите селекторот Лазаров и дел од ракометарите зборуваа за очекувањата од првиот меч со Словенија.

„Бевме подготвени за такво сценарио бидејќи веќе втора година живееме со ова. Бев подготвен и психолошки да изреагирам соодветно ако имаме позитивни. Не ни е сеедно, но тоа е што е, треба да го прифатиме. Некои репрзентации имаат поголеми проблеми, некои немаат воопшто. Мислам дека и вака сме добро организирани, добро подготвени и едноставно треба да заборавиме на тоа, да се адаптираме и да не трошиме енергија, туку да мислиме на она што не очекува од утре понатаму.

Веќе долго време се подготвуваме, уште од 22 декември и оттогаш ни се случија повеќе работи. Не да звучи како алибиа, напротив, ние сме подготвени на се. Меѓутоа нема време за плачење, утре не очекува Словенија и ние размислуваме за неа. Тоа е една репрезентација која има играчи што настапуваат во Кил, во Кјелце, во Веспрем и со самиот тој факт сум кажал многу. Селекторот на Словенија располага со изградени играчи, готови играчи и од старт има голема предност. Меѓутоа што е тука е, ние сме Македонија, нема да одиме со бело знаме, ќе одиме со респект. терен утре тоа ќе го покажеме", рече Лазаров на денешната средба со новинарите.

Македонија денеска тренираше во „Феникс арена", од 13:00 часот, а натпреварот против Словенија го играме утре од 18:00 часот.

Share