hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Познат списокот ракометари кои ќе патуваат на подготовките во Словенија

mkd - germanija

Селекторот на македонската репрезентација, Данило Брестовац одбра 20 ракометари кои по новогодишните празници ќе заминат на финални подготовки во Словенија, а потоа списокот уште еднаш ќе биде скратен и ќе бидат одбрани оние кои ќе настапат на Европското првенство.

Списокот од 20 ракометари кои ќе патуваат во Словенија: Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Ненад Костевски, Филип Кузмановски, Филип Талески, Кирил Лазаров (капитен), Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Никола Маркоски, Велко Марковски, Мартин Томовски, Горан Крстевски. Жарко Пешевски, Столе Стоилов, Мартин Серафимов, Мартин Велковски.

Македонија натпреварите од Европското првенство ги игра во Виена, првиот меч го имаме на 11 јануари против Украина. Во групата се уште Австрија и Чешка.

Share