hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Добро прво полувреме, па убедлив пораз од моќната Данска

39167558874 d282964dff b

Македонија - Данска 20:31 (12:12)

На третиот натпревар во Вараждин, трет пораз, овој пат бевме убедливо надиграни од Данска. Имавме одлично прво полувреме кое заврши нерешено 12:12, а во вториот дел покажавме сосема спротивно лице и му дозволивме на противникот да победи со 11 разлика. Капитенот Лазаров не настапи заради повреда, а шанса доби Гоце Ојлески, кој ги одигра првите минути на турнирот.

25006348817 3215110f71 b

Во првиот дел момците на Раул Гоналез покажаа голема борбеност и добра игра, видовме потенцијал за во иднина која може да изгледа добро и по Кире Лазаров, но во второто полувреме таа добра игра тотално се распадна, имавме очаен напад и лоша одбрана која резултираше со дебакл.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Филип Кузмановски кој уште еднаш покажа дека требаше да добие минути на клучниот меч против Чешка. По четири гола реализираа Стоилов и Манасков. Никола Митревски запиша 10 интервенции, а постигна и еден гол. Во составот на Данска најефикасен беше Дамгард Нилсен со 11 постигнати голови.

Share