Застрашувачко второ полувреме на европскиот првак
Данска - Норвешка 34:22 (13:15)
Кога од -2 на полувреме, една репрезентација на крајот слави со +12, тоа мора да е вонсериско полувреме, вонсериска партија. Така европскиот првак Данска го почна турнирот во „Париз-Берси„ со победа над соседот Норвешка. Момците на Улрик Вилбек демонстрираа карактер и енормно долга клупа, која ја прегази норвешката репрезентација. Дури 13 дански ракометари се запишаа меѓу стрелците, што е најава за големиот меч со Франција во недела попладне.
Србите лесно и убедливо против довчерашните нивни браќа
Србија - Црна Гора 32:25 (18:13)
Во вториот меч на тромечот во Скопје на бившите југословенски републики, Србија ја совлада селекцијата на Црна Гора со +7 и ќе му биде доволно реми во утрешното соочување со Македонија за освојување на турнирот.
Лекција за чесите од Полска во второто коло
Откако вчера ја совладаа Унгарија со убедлив настап, нашите втори противници во Хернинг, чесите, загубија од Полска, која се рехабилитираше по поразот од Белорусија. Младиот бран на полски ракометари делуваше убедливо и на моменти дојде и до 8,9 гола разлика. Чешкиот тим овој пат комплетно потфрли во одбраната, а и голманите имаа мал број на интервенции. Утре на последниот ден на турнирот во Унгарија, противник на Чешка е Рутенка и неговата Белорусија.
Уморните австријци парираа само едно полувреме
Неполни 24 часа по победата над Германија, австриската репрезентација немаше сили за повеќе од едно полувреме против репрезентацијата на Исланд. И без Валур Сигурдсон „рибарите„ го натрчаа противникот и стигнаа до убедлива победа, втора на турнирот. Австрија утре од 15:30 часот против Русија го игра последниот меч на турнирот на четири нации во Дортмунд.
Австрија ја „сруши„ Германија во Дортмунд
Нашиот трет противник во А групата на Европското првенство, стариот познаник Австрија со победа го отвори турнирот на четирите нации во Дортмунд. Можеби за многумина изненадувачки, австријците ја совладаа Германија, која настапи во скоро па комплетен состав. Австријците водеа во текот на целиот натпревар, на моменти и со 5,6 гола. Во вториот натпревар од првото коло, Исланд ја совлада Русија со 35:34. Токму „рибарите„ се противници на Австрија в сабота во второто коло.
Лазаров: „Задоволен сум што полека добиваме клупа„
Најефикасниот на мечот со Црна Гора, Кирил Лазаров не го криеше задоволството по убедливата победа на стартот од турнирот, против репрезентација учесник на европското првенство: „Задоволен сум од оствараниот триумф бидејќи ваквите победи носат самодоверба.
Чешка авторитетно почна на Провидент Купот
Вториот противник на македонската репрезентација во групната фаза во Хернинг на наредниот континентален собир, Чешка со победа го почна настапот на Провидент купот во Унгарија. Чесите водеа од првата до последната минута против одлична селекција, како Унгарија, која настапи без повредениот Наџи. Во вториот меч од првото коло на Провидент Купот, Белорусија ја совлада Полска со 29:28.
Со „Пелистерка„ данското ЕУРО во целост
Официјалната веб страна на Кирил Лазаров во соработката со спонзорот „Пелистерка„ чие заштитно лице е токму нашиот најдобар ракометар повторно подготвуваат подарок за сите наши читатели и гледачи. Од почетокот на јануари, овој веб простор ќе биде комплетно посветен на европското првенство во ракомет за мажи во Данска.
Фрактура на раката за Филип Лазаров
На еден од последните тренинзи во Пореч пред тест мечот со Словенија во Копер, капитенот на Вардар и левиот бек на националната репрезентација Филип Лазаров незгодно падна и заработи мала фрактура на раката. По деталните прегледи ќе биде познато дали е потребна операција или не.
ASOBAL Купот - 36 трофеј во кариерата
Со триумфот над Грањолерс во финалето на ASOBAL Купот во „Палау Блауграна„ македонскиот ракометен интернационалец Кирил Лазаров стигна до 36 трофеј во кариерата. Ова натпреварување претходно го освои со Атлетико Мадрид, а по IHF Супер глоб во Доха и ASOBAL Суперкупот, ова е трет трофеј, откако премина од Атлетико Мадрид во Барселона. Во календарската 2013 година со освоениот Куп на шпанскиот крал во дресот на Атлетико Мадрид, капитенот на нашата репрезентација, годината ја завршува со четири трофеи.