Лазаров фантастичен, Чешка извлече реми
Европско првенство - А група (2 коло)
Mакедонија - Чешка 24:24 (10:11)
Можеби клучниот меч за пласман во втората фаза, нашите ракометари го почнаа одлично. Борко Ристовски го одбрани седмерецот на Филип Јиха, а капитенот Лазаров го отвори натпреварот со водечки гол. Потоа нашиот најдобар стрелец реализира два седмерци, кои ги изнуди Миркуловски за 3:1 во 6 минута.
ВИДЕО: Македонците побројни и пооптимисти од чесите
Во прекрасната фан-зона веднаш во „Јуске Банк Боксен„ аренета во Хернинг веќе неколку часа се собираат навивачи од четирите земји во А групата на европското првенство.
Штохл: „Во Македонија се зависи од Лазаров„
Свои сметки за вечерашното соочување со Македонија имаат и чесите. И тие ги анализираат и најмалите детали околу натпреварот, ги бараат нашите маани и се обидуваат да ги затворат нашите добри страни. Искусниот голман Петр Штохл стравува од капитенот Кирил Лазаров.
Од Ејс Јоноски до Ивица Обрајан
На воведниот меч со Данска, официјалниот спикер имаше сериозни проблеми со изговорот на имињата и презимињата на нашите ракометари и членоци на стручниот штаб. Така Ацо Јоноски стана Ејс Јоноски, а селекторот Ивица Обрван за данците е Ивица Обрајан.
ВИДЕО: Миркуловски: „Уште не сум 100%, но живеам за вакви мечеви„
2013 година не ги штедеше нашите репрезентативци. Покрај изостаноците, но годината која ја испративме операции и подолги паузи имаа Дејан Манасков и Филип Миркуловски, а Гоце Георгиевски се здоби со скршеница. Токму Филип Миркуловски со задоволство се сеќава на последното соочување на Македонија и Чешка во Ниш пред две години, кога со пет постигнати гола од исто толку удари, беше еден од најзаслужните за нашата голема победа од шест разлика
ВИДЕО: Јоноски: „Теретот ќе падне на централниот дел од одбраната„
На редовниот брифинг со новинарите на денот на одигрување на второт меч во А групата на европското првенство, столбот на одбраната Ацо Јоноски ги пренесе своите лични сензации од првите неколку дена на шампионатот:
Од дебаклот во Мерано, до нишката радост
Традицијата на мечевите со Чешка буди различни емоции кај македонските љубители на ракометот. Од дебаклот во Мерано, до трансот во Ниш, нашите дуели со овој противник секогаш биле исполнети со голови, неретко и со убедливи победи. Еве ги сите официјални дуели на Македонија и Чешка:
Романски судии за мечот со Чешка
Виталниот натпревар со Чешка за пласман во втората фаза на европското првенство, доверен му е на романски судиски пар. Имено Богдан Штарк и Ромео Штефан денес од 18:15 ќе го почнат мечот Македонија - Чешка, кој што е воведе во второто коло од А групата на европското првенство.
Најгледано ЕУРО во историјата
Континенталниот собир од 12 до 26 јануари во Данска го пренесуваат 75 ТВ-станици и ќе биде гледано во 175 земји од светот, што според ЕХФ е нов рекорд на европските првенства, потврди Михаел Видерер, генералниот секретар на ЕХФ.
Тренинг победи за Франција и Шведска
Последните два натпревари од вториот натпреварувачки ден, донесоа повеќе од рутински победи на Франција и Шведска против Русија и Црна Гора. Во Архус Клод Онеста со подмладен состав провери дека има потенцијал и во младите сили. Само во првите 10 минути Атман, Игрополу, Хорбок и другарите парираа а потоа се разигра Карабатиќ, младиот дебитант Ниокас постигна 9 гола, Гребиј додаде уште 4. „Триколорите„ оставија силен впечаток на нивното деби во Данска.