Австријците сметаат дека Лазаров е уморен
Нашиот денешен противник посакува реванш и знае од каде доаѓа најголемата опасност. Сепак австријците мислат дека нашиот капитен Кирил Лазаров е уморен и не може да ја повтори симултанката против Чешка
ВИДЕО: Лазаров: „Победа за шестиот роденден на ќерка ми Лана„
Како и на претходните мечеви Кирил Лазаров и денес против австријците ја превзеде одговорноста и постигна клучни голови, кои ни донеса голема сатисфакција и радости. Неколку часа по победата Лазаров во хотелската соба ги анализираше емоциите и го врати „филмот„ од натпреварот низ глава:
Повеќе позитивни од негативни сценарија
Постојат многу комбинации за расплетот во нашата А група на европското првенство, но најважно од се е што само зависиме за нашата судбина. Еве ги сите можни сценарија по вчерашните два меча Македонија - Австрија и Данска - Чешка.
Никола Марковски на местото на повредениот Стојчески
Повредата на Никола Стојчески го принуди нашиот стричен штаб на првата замена во ростерот кој ќе биде пријавен во официјалниот протокол. Селекторот Ивица Обрван се одлучи да го вклучи Никола Маркоски на списокот за денешниот натпревар со Австрија.
ВИДЕО: Ангеловски: „Изненаден сум колку австријците напреднале„
Еден од оние со најголемо искуство на ова европско првенство е Бранислав Ангеловски кој заедно со капитенот Лазаров се единствени со преку 150 настапи за дресот од државниот дрес. Битолчанецот вели дека е изненаден од напредокот на австриската репрезентација во споредба со онаа со која два пати игравме во Скопје и во Виена минатата година
Манасков: „Морам и ќе бидам уште подобар на овој турнир„
По тешката повреда и скинатите лигаметни минатата година „бисерот„ на македонскиот ракомет Дејан Манасков е самокритичен за своите настапи и верува дека најдоброто од него на турнирот допрва доаѓа. Исто така смета дека калкулациите не можат да му донесат ништо добро на нашиот тим:
Станиќ: „Австрија е многу сериозна репрезентација„
Мечот помеѓу Русија и Србија синоќа беше меч со најмногу актери во македонската ВИП Супер лига, а да не настапува македонската репрезентација. Многу дуели на клубските другари од Вардар и Металург провејуваа во мечот. Дарко Станиќ по мечот опомена дека Австрија може да биде „мина„ за нашиот национален тим, како што беше за Србија во квалификациите кога ја совлада во Виена и претходно ремизираше во Ниш:
Лазаров прв стрелец на ЕУРО по две одиграни гола
Комплетирани се по два натпревари за секоја од 16 репрезентации на европското првенство. Најдобар стрелец по првите две кола е капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со 19 гола (7 со Данска и 12 со Чешка). Тој упатил 38 удари кон противничкиот гол и има точно половичен учинок. Лазаров во првите 120 минути на македонската репрезентација вгради и 5 асистенции и имаше немерливи заслуги во споменатите мечеви. Дури четири ракометари на Барселона се наоѓаат меѓу првите седум стрелци на турнирот.
Николов и Начевски дебитираа на Шведска - Белорусија
Mакедонскиот судиски пар Николов - Начевски го имаше своето деби на европското првенство. Тие беа делегирани да го судат мечот од второто коло во А групата во Копенхаген меѓу Шведска и Белорусија.
ФОТО: Лавров, Гисласон, Анкетил во Архус...
Квалитетот и историјата на репрезентациите во Ц групата во Архус, нуди атрактивен ракомет и познати лица на трибините, во ВИП ложата, на коментаторските места. Така по подолго време Андреј Лавров беше во фокусот, бодрејќи ја својата Русија на неизвесниот меч со Србија.