hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Ојлески: „Овој турнир е големо искуство за мене„

mak-esp-7

Еден од оние кој треба уште долго да го носи дресот на македонската репрезентација е крилото Гоце Ојлески, кој со два и пол одиграни меча во вкупната минутажа во Данска, се враќа побогат за едно големо спортско и животно искуство:

„Иако не добив некоја голема минутажа, ова е искуство повеќе за во мојата кариера. Како и на клубски план едно голем плус. Што се однесува за пласманот, зацртаната цел ја остваривме, влеговме во втората фаза. Имавме шанси за подобар пласман, имавме проблеми и некои несогласувања. Но сега се надеваме на поволна ждрепка и на пласман на наредното светско првенство, па да го поправиме и овај успех„ ни рече Гоце Ојлески, кој по епизодната улога на светското првенство во Шпанија, на овој шампионат играше нешто повеќе од 1 час и 30 минути и постигна 5 гола со 3 асистенции. За секој професионалец играњето против светскиот првак, макар и на меч кој не значи многу во финалниот пласман, е голем настан во кариерата и мора да се признае дека во голем дел од денешниот меч, младите македонски ракометари добро му се спротиставија на фаворитот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share