ВИДЕО: Стоилов: „Оваа генерација може уште подалеку„
Ако европското првенство во Србија му беше феноменално и неповторливо, Стојанче Стоилов одигра одличен континентален собир и во Данска и статистиката говори дека имаше континуитет во настапите, а добро и заврши со светскиот првак Шпанија. Стоилов смета дека овие ракометари го оставија срцето на теренот:
„Во овој пораз како и од целокупното првенство оставивме срце на терен. Иако хендикепирани, се боревме, се држевме 20,25 минути, но подоцна шпанците „нагазија„ покажаа кои се и тоа што немавме играчи за ротација беше пресудно на овој натпревар. Можеме да направиме блесок во иднина. Оваа генерација се уште не го кажала последниот збор. Иако имаме неколку повозрасни ракометари мислам дека можат да играат уште 3-4 години и можат да дадат уште многу за оваа репрезентација„ ни рече Стојанче Стоилов по вечерата во Хернинг, по која македонските и шпанските репрезентативци заеднички го следеа клучниот меч во групата во Архус меѓу Хрватска и Полска. Стоилов со 13 гола и 11 асистенции беше четврт наш стрелец и трет асистент во скоро 4 часа и 10 минути поминати на теренот во шесте средби за националната репрезентација.