ВИДЕО: Миркуловски: „Ја разигравме Шпанија во вториот дел„
Со седум постигнати гола Филип Миркуловски беше играч на натпреварот против Шпанија во поразот од 11 разлика од светскиот првак. Ракометарот на Металург ја превзеде лидерската улога и го одигра својот најпозитивен меч во Скандинавија .
„Игравме рамноправно колку што можевме, игравме стрпливо напад без многу технички грешки, добро во одбрана и 20, 25 минути бевме во егал позиција против светскиот првак Шпанија. Но во вториот дел сето тоа го немавме во второто полувреме, лошо отворивме, повторно направивме непотребни технички грешки и ја разигравме Шпанија, која знаеше рутинирано да стигне до победата„ рече Миркуловски. Тој е најдобриот асистент во нашата репрезентација со 26 точни додавања, а втор најдобар стрелец зад Лазаров со 21 постигнат гол. Миркуловски со преку 4 часа и 40 минути е репрезентативецот, кој најдолго остана на теренот во „Јуске Банк Боксен„ арената во Хернинг од нашата репрезентација.