hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Статистика за турнирот на Кирил Лазаров

makedonija-crna-gora-18

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров го одигра своето второ европско првенство и заедно со олимписките квалификации четврт свој турнир во континуитет од јануари 2012 година. Наместо 6 одигра само 5 натпревари, по вина на повредата на десната препона, заради која играше со таблети против болка на мечот со Исланд, а не тренираше на последните два тренинзи и го пропушти последниот меч со Шпанија.

И покрај тоа тој е меѓу најдобрите стрелци на целиот турнир по двете групни фази со 38 гола. Лазаров погодува со 51% успешност, бидејќи упати 74 удари кон противничките голови. Нашиот најдобар стрелец погодуваше разновидно, а реализираше и 16 седмерци, 19 гола од 9 метри, 3 од линијата од шест метри и 1 од крилна позиција . Лазаров имаше и 22 асистенции на турнирот и 1 исклучување во 195 одиграни минути. Миркуловски има 21, Манасков 19, Георгиевски 14, а Стоилов 13 постигнати гола. Борко Ристовски имаше 70 одбрани од 220 упатени удари кон неговиот гол или 32% успешност.

Тоталната статистика на македонската репрезентација можете да ја погледнете ТУКА:

Share