hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шоу на русите и на Ковалев против соседите од Белорусија

russia - belorusija

Русија - Белорусија 39:33 (23:17)

Во меч кој наликуваше на тренинг натпревар, Русија си поигра со Белорусија и на својот сосед му го остави фенерот во ТОП 12 фазата. Во меч кој го судеа македонските судии Начевски и Николов, русите многу брзо се одлепија и крилото Скопинцев и непогрешливиот Ковалев, брзо на Русија му донесоа 7:2.

 Во белорускиот тим само браќата Рутенка погодуваа, но предноста растеше од минута во минута. Во 23 минута, во меч без одбрани и со мал број на интервенции на голманите, таа достигна 20:12. Игропуло со два гола во завршните моменти од првиот дел, на одмор ја однесе Русија со +6. Белорусија добро го почна вториот дел и со серија 4:0 преку Бабичев и С. Рутенка се доближи до 24:21. Но „зборнаја„ пак покажа дека не му е сеедно на кое место ќе заврши во разигрувањето и Житников и Ковалев со 11 гол од исто толку обиди, во 49 минута го враќаат спокојот (30:23). Шелменко и пак Ковалев со 12 гол, пред крајот ја заверуваат победата со 34:28.

Астрапашкин со два гола од седум метри погоди за 35:30, но Пољаков врати на комотни +7 на 4 минути до крајот. Житников, Шишкаров и Пољаков ја завршија работата за финални 39:33 за репрезентацијата на Русија. Играч на натпреварот без сомнение е Ковалев со 12 постигнати гола и без промашување. Богданов имаше 14 интервенции, а браќата Рутенка вкупно постигнаа 10 гола (Џанис 6, а Сергеј 4 гола). Русија со оваа победа завршува на 9, а Белорусија на 12 место.

Share