hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за „Ел Мундо Депортиво„: „Шпанија ќе освои медал„

makedonija-crna-gor-5

Еден од двата спортски весници со седиште во Барселона „Ел Мундо Депортиво„ разговараше со Кирил Лазаров кој е единствен наш играч која настапува во ASOBAL лигата, иако во минатото во оваа земја играле и Борко Ристовски и Наумче Мојсоски. Во пресрет на меѓусебниот меч, Лазаров беше дециден: „Шпанија е фаворит. Ја респектираме како светски првак, но ќе се обидеме да одиграме добар натпревар. Плус ќе играме без никаков притисок, бидејќи не сме принудени да победиме. За Шпанија сигурен сум дека ќе освои медал на ова првенство.

lazarov deportivo

Вистина е дека моите соиграчи од Барса и бившите соиграчи од Атлетико се шегуваа со мене уште од утрово. За нас минувањето на првата фаза на ова првенство може да не задоволи„ заклучи Лазаров за шпанската агенција ЕФЕ, чија што изјава ја пренесува каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво„.

Share