hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Фуриозната Полска ги декласира швеѓаните

lijewski

Полска - Шведска 35:25 (15:12)

На сосема неочекуван начин со доминантно второ полувреме, Полска ја декласира Шведска и ја исклучи од борбата за полуфиналето. Никој не предвидуваше такво сценарио откако во првото полувреме, жолто-сините подобро го отворија натпреварот. Со добра игра во одбрана и лесни голови на Калман и Јохан Јакобсон, момците на Штафан Олсон поведоа со 5:1 до тајм-аутот на Михаел Биглер.

Полека полскиот тим се консолидира и се враќаше во мечот. Инспиратор на пресвртот беше голманот Пјотр Вишомирски, кој одбрани многу тешки топки, а во нападот Криштоф Лијевски нанижа 4 гола меѓу 15 и 25 минута и Полска израмни 11:11 на 5 минути до крајот на првиот дел. Психолошката предност ги понесе бело-црвените и Кучински и Лучак постигнаа важни голови за 15:12 на полувреме за полските ракометари. Она што се случуваше во второто полувреме е тешко објасниво од шведската репрезентација. Ништо не погодија во нападот, а противникот полека ги разигра сите шутери. Јуркиевич влезе во ритам, Лучак и Вишњевски дадоа уште неколку голови од контранапад и на половина од второто полувреме резултатот гласеше 25:15. Тогаш се беше решено и до крајот на средбата момците на Биглер на убедлив начин го приведоа шоуто кон крај (35:25). К. Лијевски со 6 и Лучак со 5 гола беа најефикасни, а Вишомирски собра 17 интервенции. Полска со оваа победа ќе игра со Хрватска за место во полуфиналето, а Шведска ги загуби и теоретските надежи и турнирот ќе го заврши на 7 или 8 место.

2 четвртфинална група

Табела

1. Франција 8
2. Хрватска 6
3. Полска 6
4. Шведска 4
5. Русија 0
6. Белорусија 0

Share