hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Франција и Хрватска како на тренинг

honrubia

Олимпискиот првак Франција со денешната победа остварена во Архус против Белорусија е многу блиску до полуфиналето на Европското првенство. Францускиот тим славеше триумф над Белорусија со 39:30, додека во првиот натпревар од втората четвртфинална група, Хрватска ја победи Русија со 33:25.

Двата натпревари наликуваа еден на друг, бидејќи фаворизираната репрезентација толку бргу се одлепи што противникот не можеше ниту да помисли да се врати во мечот. Сериозниот пристап на двата фаворити ја уништи надежта и на Русија и на Белорусија. Хрватите немаа потреба да го тераат на максимален напор Дувњак, па доволни беа таканаречените втори линии. Хорват во првото и Нинчевиќ во второто полувреме до врв ја наполнија мрежата на Богданов.

Слично играа и французите. Карабатиќ и Омејер не настапија, шанса добија оние кои се погладни за настап и победи и пред сите Онрубиа и Жоли, таа шанса ја искористија. Франција се доближи до полуфиналето, иако не смее да се опушти на последниот меч меч со Шведска, бидејќи тој меч може да ја одреди судбината и на вториот патник од оваа четвртфинална група и евентуално на противникот на Данска во полуфиналето.

Share