Никола Марковски на местото на Ангеловски
Селекторот Ивица Обрван ја најави замената во протоколот за утрешниот меч. По одлуката да не го пријави Бранко Ангеловски, извесно е беше дека Македонија ќе пријави три кружни напаѓачи и дека Никола Марковски ќе биде по втор пат во ростерот, овој пат за мечот со Шпанија.
Претходно тој беше со опции да игра во првата фаза, но сеуште не дебитирал за нашата најдобра репрезентација. Се работи за момче кое веќе подолг период е на поширокиот список на репрезентативци, кое потекнува од ракометна Струга, а во последните неколку години го носи дресот на скопските гиганти Металург и Вардар. Само тој и голманот Николче Митревски не добиле шанса од селекторот Обрван да ја почувствуваат атмосферата на овој континентален настан.