hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Обрван нема да го повикува Ангеловски додека е тој селектор

1012364 471828769587965 645867074 n

Првата реакција по вчерашната изјава на Бранко Ангеловски дојде пред денешниот тренинг на кој битолчанецот редовно тренираше, но не беше дел од тактичката подготовка за мечот со Шпанија. Причината ја обелодени селекторот Ивица Обрван:

„Секој е слободен да го искаже своето мислење, но Бранко утрово не најде доблест и не чувствуваше потреба да разговара со мене и јас донесов одлука да не го повикам за наредниот натпревар со Шпанија и за сите наредни додека јас сум селектор„ истакна Обрван. Ангеловски кој е дел од оваа репрезентација од 1999 година и има најмногу настапи од активните репрезентативци (скоро 160), синоќа по мечот со Исланд и минималниот пораз зборуваше за начинот на кој беше подготвено ова европско првенство и конкретно самиот натпревар со Исланд, на кој по раното водство од 4:0, брзо противникот направи огромна серија и до крајот водството не го испушти. Ангеловски ги одигра сите квалификациони натпревари (со исклучок на мечот со Шпанија во Скопје), но за ова европско првенство беше дополнително повикан по повредата на Филип Лазаров.

Share