hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за ЕХФ: „Посакуваме поголеми работи, ова е помалку од очекуваното„

danska-makedonija-41

За официјалната веб страна на европското првемство, Кирил Лазаров вчера даде опширно интервју, кое од денес можат да го читаат на англиски јазик многубројните посетители на страната. Лазаров зборува за сите теми поврзани со европското првенство и нашата репрезентација, а не го заобиколува ниту последниот меч во групата против земјата во која во овој момент настапува, Шпанија на Маноло Каденас:

 „Генерално, задоволни сме што ја остваривме првата и најважна цел, да играме во главната фаза. Во пресрет на СП 2015 во Катар, најважно беше да бидеме носители, за да добиеме можеби полесен противник. Нас утре не чека меч со Шпанија, кој ќе биде тежок. Тешко е и ова првенство без двајца играчи како Наумче Мојсовски и мојот брат Филип. Овој тим игра заедно веќе 12 години и тешко е без нив.„Ако бевме комплетни, можеби ќе го повторевме петтото место. Во Македонија, очекувањата се зголемија по тоа петто место во Србија. Дури и многумина очекуваа и повеќе. За ова ЕП очекувањата беа огромни и сите се надевавме дека ќе бидеме подобри споредено со Шпанија и 14 место. Но нашите навивачи мора да бидат поскромни. Сепак е многу тешко за нас.

Ние сме мала земја, која веќе остави трага на ракометната мапа. Имаме нов селектор, Ивица Обрван, кој треба да ја подигне нашата игра. Нормално, би било посебен момент да станам најдобар стрелец повторно на ЕП. Но, за мене тимскиот успех е поважен од индивидуалниот. Ако се совпаднат тие успеси, тогаш би било перфектно. Јас имам високи амбиции, кои може да се остварат само со тимот, сакам нешто големо со Македонија. Јас бев најдобар стрелец на сите времиња на СП во Хрватска, најдобар на ЕП и познато ми е чувството. Би било прекрасно да бидам повторно на врвот. Според мене полуфиналисти ќе бидат Данска, Шпанија, Франција и Хрватска. И очекувам Франција да ја победи Данска. Дуелот со Шпанија ќе биде посебен.

Знам како играат и се надевам дека ТВ-снимките ќе ни бидат од голема помош за овој меч. Ако треба, можам да бидам од добра помош за селекторот, ако тој сака совети од мене. Од друга страна Шпанците ме знаат, знаат како играм и ќе видиме чија анализа ќе биде подобра. Вардар и Металург се два големи ривали, но нема проблеми меѓу играчите во националниот тим. Штом го носиме македонскиот дрес, ние сме обединети и нема клупска поделба. По ЕП продолжува клупската сезона, а Лигата на шампионите никогаш не сум ја освоил и се надевам дека сезонава ќе ја остварам. Но, мора да одиме чекор по чекор. Имаме квалитет, но и квалитетот на другите тимови од година во година се зголемува" заврши Лазаров, кој го игра своето второ европско првенство.

Share