hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров со осум асистенции против Исланд

tk

Покрај тоа што е најдобар стрелец во нашата репрезентација и до овој момент на целиот турнир, десниот бек на нашата репрезентација Кирил Лазаров одигра комплетен тимски меч против Исланд. Неговите осум асистенции на мечот со исланѓаните се надоврзуваат на седумте гола против „рибарите„ Неговата комуникација со кружните напаѓачи и крилата добро функционираше во целиот меч во Хернинг и да се надеваме дека така ќе биде и против Шпанија, земјата во која Лазаров настапува веќе четврта сезона.

mkd-103075

Токму шпанските новинари денес го „окупираа„ Лазаров со прашања поврзани со натпреварот. Во текот на денот ќе ги пренесеме текстовите на шпанските дневни весници во врска со утрешниот натпревар. Шпанската репрезентација во моментот не го игра својот најдобар ракомет, не е на потребното ниво, но секој натпревар е посебен и не може да се предвиди.

Share