hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кај нас најбрз шут има Лазаров, а на турнирот Јакобсон

mkd-ceska-18

Прв на листата со најбрз шут на европското првенство е Joхан Jaкобсон од Шведска со шут од 113 км на час на средбата со Црна Гора. Левиот бек на Металург Атман ја исфрли топката со брзина од 112 км на час на мечот против Полска. Иста брзина достигна и ударот на неговиот соиграч Сергеј Шелменко, исто така, на средбата против Полска.

Од македонската репрезентација најбрзиот шут досега на ЕП го има Никола Стојчевски со 106 км на час, на средбата против Данска, а двапати со по 105 км на час биеше Кирил Лазаров (со Данска и со Чешка).

Share