hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ангеловски: „Евтино ја продадовме националната гордост„

brance 20

Меѓу најразочараните ракометари од поразот од Исланд беше Бранко Ангеловски кој го „отвори срцето„ по мечот со Исланд и говореше во микс-зоната. Тој се осврна на целиот процес кој му претходеше на европското првенство, а не само на мечот со Исланд:

„Разочаран сум од овој меч, но и севкупно од шампионатот бидејќи иако пласманот е солиден, верувам дека имавме сили за многу повеќе. Евтино ја продаваме националната гордост, она фантастично петто место од пред само две години. Непотребно летаа глави, се делеа пасоши на играчи и со самото тоа го нарушивме она што го имавме и што го градевме. Не бевме чисти пред Бога и затоа бевме казнети онаму каде најмногу не заболе, преку повредата на Наумче Мојсовски. На овој меч, погрешната измена на Прибак го сопре нашиот добар ритам и го сврте мечот" изјави Ангеловски по поразот од Исланд. Со овој пораз, втор по ред, Македонија само за престиж и што е можно подобар пласман, ќе го игра мечот со Шпанија во среда од 16 часот.

Share