hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

В. Маркоски: „И да ме боли, ќе играм со Исланд„

mkd-hun-2

Нашиот одбранбен столб Велко Маркоски и покрај тешките денови по мечот со Унгарија, ќе биде подготвен за мечот со Исланд денес од 16 часот. Тој по мечот со Часар, Лекаи, Путич, Миклар и другарите почувствува болка и мораше да замине на дополнителни прегледи во болницата во Хернинг.

По испитувањата беше констатирано дека се е во ред и дека нема ниту повреда, ниту може да има последици од ударот со унгарските ракометари. Тој го одработи како вистински професионалец вчерашниот тренинг и потврди дека и кога не е фит, ќе игра за националната репрезентација „Ме боли местото каде што бев удрен. Но, ова не се обични натпревари, ова е ЕП, па затоа ќе стиснам заби и ќе играм до крај. Раните ќе ги лечиме кога ќе се вратиме дома. Ќе биде тешко. Исланѓаните се брзи и силни. Ќе треба да одиграме максимално, да дадеме се од себе. Само така ќе може да славиме на овој меч", дополни големиот борец со лавовско срцe„ рече стружанецот Велко Маркоски во пресрет на вториот меч на Македонија во втората фаза на шампионатот.

Share