hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ЕХФ делегираше чешки судии за мечот со Исланд

mkd-hun-8

Петтото делегирање од европската куќа на ракометот со нетрпение се очекуваше, откако РФМ јавно покажа незадоволство за начинот на кој што белоруските судии си ја завршија работата на мечот против Унгарија. Овој пат чешки делители на правдата ќе го водат мечот од второто коло од четвртфиналната група во Хернинг меѓу Македонија и Исланд утре од 16 часот во „Јуске Банк Боксен„ во Хернинг.

Хорачек и Новотни ќе бидат на центарот во првиот термин, а делегат на ЕХФ е финецот Арпонен. Контролор е Мигас од Грција, а резервни судии се Старк и Стефан од Романија. Мечот Австрија - Шпанија ќе го судат Гуско и Репкин од Белорусија, а последниот утрешен меч на Данска со Унгарија им е доверен на Крстиќ и Љубиќ од Словенија.

Share