hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го пропушти вечерниот тренинг пред Исланд

kire 190101444

Откако вчера алармот беше вклучен заради повредата на Велко Марковски и проблемите со зглобот на Гоце Ојлески, двата денес редовно тренираа, но последниот тренинг пред мечот со Исланд, утре во 16 часот го пропушти капитенот Кирил Лазаров. Имено нашиот најдобар ракометар и стрелец се пожали на болка на десната препона, на одразната нога и превентивно вечерва не тренираше.

Оваа повреда од поодамна му создава проблеми на ракометарот на Барселона, но постои умерен оптимизам дека ќе ризикува и ќе настапи на мечот со Палмарсон, Сигурдсон и другарите. Лазаров во сезоната не пропушти ниту еден меч за Барселона, а последен пат препоната му создаваше проблеми против Шпанија на мечот во Скопје во септември. Од истата причина го пропушти и мечот во Гвадалахара четири дена подоцна. Но како и многу пати порано, Лазаров најверојатно ќе стегне заби и ќе ја предводи Македонија против „рибарите„

Share