Ако забележавте крај малите екрани или во живо во четирите арени каде што се играат средбите од европското првенство, необични помагала и луѓе кои ги управуваат тогаш сигурно се запрашувате за што служат.
Имено организаторот комплетно го озвучи теренот за игра и може да се чуе крцкањето на патиките, дофрлувањата на ракометарите на теренот, а да не зборуваме за секој совет за време на тајм-аутите. Четири пункта за време на мечот го следат звукот на играта и се заштитени од евентуални удари со топка. По примерот на германските и скандинавските национални првенства, сега и на европскиот шампионат секој збор стигнува до гледачот и слушателот.