hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Најубавата ракометна фан-зона до сега

fun6

Организацијата на настанот до овој момент е без ни најмала забелешка, посебно во Хернинг каде ракомет ќе се игра во текот на сите 14 натпреварувачки дена, заклучно со полуфиналните и финалните средби.

fun1

Она што посебно остава впечаток е навивачката зона, која е заедничка за сите четири репрезентации од А групата.

fun5

Во огромен затворен простор кој е директно поврзан со „Јуске Банк Боксен„ арената илјадници ракометни љубители пред и по натпреварите можат да се дружат, да ја подгреваат атмосферата, да пијат квалитетни дански пива и да пеат навивачки песни.

fun4

Во овој простор може да се купат дресови од омилени ракометари, достапни се интерактивни игри за најмладите, а лесно можете и вашиот лик да го обоите во националните бои.

fun3

Ретко каде може да се најде така добро организиран простор за „фановите„ да го поминат времето очекувајќи го мечот на својата репрезентација.

Share