Македонија го очекува својот 100.000 гледач
Дневниот весник „Нова Македонија„ исфрли статистика за гледаноста на мечевите на Македонија на европските првенства, и на ова, но и на претходните. Три пати Македонија играла пред повеќе од 10.000 луѓе, а најмпосетени биле мечевите со Данска. Најгледан е мечот со актуелниот европски првак во Белград пред две години - 17.000 гледачи.
Во Данска најголемата сала има капацитет од 14.000 места, а токму толку гледачи имаше и во неделата на дуелот со истиот противник. Третиот меч со над 10.000 навивачи Македонија го одигра пред две години во Белград, против Србија, пред 12.000 посетители. Најмала посета Македонија имала на мечот од ЕП 1998 против Хрватска, во Мерано (Италија) само 200, а и по ЕП 2014 рекордна ќе остане средбата со Данска на ЕП 2012, кога во Белград имаше 17.000 навивачи. Вкупно црвено-жолтите на ЕП ги гледале 61.850 гледачи, па можно е на тековното ЕП да се стигне и до бројката од 100.000 гледачи, особено што играме во најголемата сала (и ќе играме ако се пласираме во втората фаза) и што сме во група во која е и домаќинот Данска.