hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Без Никола Стојчески против австријците

MKD - DEN Stojcevski 560

Уште синоќа можеше да се наговести дека Никола Стојчески ќе се бори со времето за да се опорави од повредата на препоните и да настапи против Австрија. Но на престојниот одлучувачки натпревар за пласман во следната рунда натпревари дефинитивно ќе настапиме без ресенчанецот.

Левиот бек на националниот тим ја обнови повредата на препоните на вчерашниот дуел со Чешка, поради што по утринските детални лекарски прегледи е утврдено дека нема да може да и помогне на селекцијата на утрешната средба со Австријците. Од друга страна, Филип Миркуловски без сомнение ќе биде на располагање на селекторот Ивица Обрван, во битката за прв триумф на шампионатот до Данска.

Share