ФОТО: „Фалангата„ во посета на Копенхаген
Нашите навивачи во Данска собираат енергија за клучниот меч од првата фаза кој ќе го играат утре од 18:15 часот против Австрија. Утринава голем дел од нив заминаа за Копенхаген на еднодневна посета и прошетка низ главниот град на Данска. Во организација на Сашо Петревски - данецот, кој повеќе од 30 години живее во Данска и е голем пријател и со нашиот репрезентативец Кирил Лазаров, тие имаа можност за разгледување на градот.
Петревски кој ја бодри нашата репрезентација каде и да настапува, а и Лазаров со неговиот клуб, организираше превоз од Силкеборг, прошетка и запознавање со еден од најубавите градови во Европа. Голем дел од нашите навивачи кои се сместени во Силкеборг и Хернинг ја прифатија оваа еднодневна тура, како опуштање пред клучниот ден и собирање на сили за македонската песна уште погласно да се слуша утре во „Јуске Банк Боксен„ арената во Хернинг.