Со термините за голема драма и извонреден Лазаров, данските медиуми денес се осврнаа на вчерашниот меч на македонската репрезентација со Чешка. Иако не беше одделен голем простор за вториот меч во А групата, сепак покрај извештајот и фотографиите на Лазаров, се напоменува дека Македонија испуштила шанса за победа, но дека и во еден момент Чешка имала шанса за пресврт.
Лазаров и неговата изјава на прес-конференцијата дека ова реми многу значи за македонската репрезентација исто така има место во данскиот печат. Далеку поголемо внимание се посветува на победата од 33:29 на Данска над Австрија и јубилејниот 500 гол во репрезентацијата на Данска.