Реми во групата скоро редовно носи квалификација
Ако треба да се верува на традицијата на суеверието, тогаш скоро секогаш кога сме одиграле нерешено во групната фаза на едно големо натпреварување сме ја минувале групната фаза. Да се надеваме дека таков предзнак е и нерешениот резултат (24:24) со Чешка вчера.
Претходно во Ниш игравме нерешено со Шведска (26:26), но подоцна со победата над Чешка, обезбедивме втора групна фаза. И во Шпанија минатата година Македонија ремизиравме, овој пат со Русија (29:29), но влеговме во осминафиналето. Единствен случај во кој реми не ни донесе подоцна нареден круг е сензационалното реми со Русија на нашето првото европско првенство во Италија 1998 година. Тогаш генерацијата на Манасков, Стефановски, Марковски и останатите одигра 26:26, но тој бод беше наш единствен на премиерното учество на големите приредби кога репрезентацијата го освои 12 место.