Mакедонскиот судиски пар Николов - Начевски го имаше своето деби на европското првенство. Тие беа делегирани да го судат мечот од второто коло во А групата во Копенхаген меѓу Шведска и Белорусија.
Скопските судии одлично си ја завршија работата и во мечот кој го добија швеѓаните со 30:22 со континуирано водство во текот на сите 60 минути немаше протести на нивна адреса. Николов и Начевски покажаа по 8 минути исклучување за двете репрезентации, а мечот изобилуваше и со седмереци, вкупно десет, осум за Шведска и два за Белорусија. Сепак и покрај борбеноста се играше многу коректно и спортски.