hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Јоноски: „Пресреќен сум, едвај го поднесов последниот напад„

jonnn

Еден од неуморните борци во играта во одбрана Ацо Јоноски едвај го дочека крајот да го прослави големиот успех со соиграчите кои заеднички го создадоа во текот на овие денови во Данска. Јоноски призна дека низ него поминале големи емоции во последните моменти од мечот

„Не можам да опишам како ми беше кога од клупата го гледав последниот напад во кој бркавме победа. Далеку полесно ми беше во продолжението кога влегов во игра за да се одбрани последниот обид на Австријците за изедначување. Пресреќен сум, ова е голем резултат, пласманот во следната фаза, особено што пред првенството се соочувавме со големи проблеми со повредите. Но, нема да се опуштаме, ќе продолжиме во ист стил, па што биде нека биде" изјави Јоновски по мечот.

Share