hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Лазаров ги пречека клубските другари во Хернинг

sp3

Трите репрезентации кои ги освоија првите три места во Б групата која се играше во Алборг од утринава се во Хернинг. Шпанија, Унгарија и Исланд направија преместување по шест дена во Алборг и надежта на секоја од оваа селекција е што е можно подолго да остане во градот каде ќе се играат завршните натпревари.

sp2

Кирил Лазаров со оглед на тоа што настапуваше во Унгарија, а сега игра во Шпанија беше „магнет„ кај неговите сегашни и бивши соиграчи. Пред се со шпанците нашиот капитен разговараше по редовниот ручек. Селекторот Маноло Каденас е одличен пријател со Лазаров, а тука се неговите соиграчи од Барселона Томас, Сармиенто, Раул Ентрериос, Виран Морос,Гурбинто и бившите соиграчи Агинагалде, Канељас,Рокас и Гвардиола.

sp1

Трет пат во шест месеци ќе играме со Шпанија, но овој пат со здрав Лазаров кој во септември минатата година одигра само 15-20 минути во двомечот од квалификациите. Веќе на шампионатот нашиот капитен играше против еден соиграл од Барселона, против Нодесбо од Данска на 12 јануари.

sp4

Поладнево и вечерва и Македонија и трите нови репрезентации во Хернинг ќе одржат редовни тренинзи во малата сала и во големата „Јуске Бан Боксен„ арена.

Share