Часар: „Наша шанса се мечевите со Македонија и Австрија„
„Моторот„ на унгарската репрезентација и најдобриот нивни разигрувач Габор Часар за Сител ТВ јасно кажа кои се целите на Унгарија на Лајош Мочаи во оваа четвртфинална група. Со Данска во Скандинавија тешко кој може да биде фаворит, па унгарците со еден пренесен бод од групата во Алборг се во денешниот меч со Македонија и оној во понеделник со Австрија гледаат шанса за бодови и што е можно подобар пласман
„Мислам дека имаме добри шанси против Македонија и Австрија, додека дуелот против Данска ќе биде тешко да се победи. Но, ние ќе се бориме против сите и секој ден и ќе одиме од натпревар во натпревар„ изјави плејмејкерот на унгарската репрезентација Часар кој ја минува првата сезона во францускиот ПСЖ. Инаку вчера попладне скоро во ист термин ЕХФ ги испрати да тренираат и македонската и унгарската репрезентација, само што нашиот ривал го имаше првиот контакт со „Јуске Банк Боксен„ арената, а Лазаров и другарите тренираа во помалата сала која е на непосредна близина до местото на одигрување на средбите