hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Ангеловски: „Обезбедивме втора фаза без четири ракометари„

68613 472290666208442 820557735 n

Во нашиот табор никој не ни помислива да се задоволи со тоа што го направија ракометарите во досегашните 7-8 дена на европското првенство, но и свесни се дека со милион проблеми ја обезбедија оваа втора фаза. Бранислав Ангеловски ја велича менталната снага и другарството во оваа група на ракометари, која излезе на површина можеби и кога многумина не веруваа во оваа репрезентација:

„Треба да бидеме свесни дека ја обезбедивме втората групна фаза и за прв пат пренесовме два бода и тоа во период во кој игравме без четири ракометари. Ги немавме Мојсоски, Лазаров, Вугринец и Прибак. Добро е што сега Немања Прибак ќе може да настапи, бидејќи во овој момент му е неопходен на оваа репрезентација со лимитираниот број на ракометари на надворешните позиции. Мислам дека направивме голема работа, а јас од секогаш верував во овие ракометарите и во нивната приврзаност кон репрезентацијата. Тука не застануваме. Секоја шанса која ќе ни се укаже подготвени сме да ја зграпчиме„ рече битолчанецот меѓу тримфот со Австрија и очекувањата за првиот меч од втората фаза против Унгарија.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share