hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Пецаковски: „Унгарците беа подобри од нас во сите сегменти„

MKD - HUN pecakovski 1

Нашиот најдобар ракометар на мечот со Унгарија Дејан Пецаковски, автор на пет гола, како добар спомен за овој меч кој цела нација сака да го заборави, ќе го сочува рачниот часовник кој ЕХФ го доделува за најдобриот ракометар во двете репрезентации. Сепак и тој како и соиграчите жали што мечот не изглегол како што тие го предвидуваа:

„Морам да кажам дека сум задоволен што сум на овој турнир, кој е од големо искуство за мене. За жал ги нема заради повреда Мојсо и Филип и знаеме што значат тие за оваа репрезентација, но ние кои за прв пат настапуваме се обидуваме да го надоместиме нивното неиграње. На овој меч Унгарија беше во целост подобра. И во одбраната и во нападот, и инвидуално и колективно. Мислам дека добро го подготвивме натпреварот, но работите заминаа во сосема друг колосек по нивното рано водство и нема дилеми дека победата на Унгарија е целосно заслужена„ ни рече ракометарот на Металург по првиот меч од втората фаза. Парадоксално нашата репрезентација постигна најмногу голови на мечот со Унгарија, кој го одигра најлошо на турнирот до овој момент. Сепак податокот дека по 26 минути постигнавме само 6 гола и дека до 27 минута, голманите имаа само една интервенција, најдобро говори дека мечот го загубивме уште на самиот старт.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share