ФОТО: Маглата го пролонгира летот за Данска
Маглата над скопскиот аеродром „Александар Велики'' го пролонгира заминувањето на машката репрезентација на Македонија во Данска, каде од утре ќе започне 11 Европско првенство во ракомет. Експедицијата во секој момент очекува подобри временски услови за да полета.
Со чартер лет репрезентацијата треба да патува за Данска, каде се надева дека ќе остане што е можно подолго на своето трето учество на европските првенства. По 12 место во Италија во 1998 година и 5 место во Србија пред две години, Лазаров и другарите бркаат ново место во историјата. По пристугнувањето вечерва предвиден е тренинг во Хернинг, пред утрешното деби во вечерниот термин од 20:30 часот против домаќинот Данска.
Билети во продажба на сите мечеви на скандинавците нема, па сигурно арената во Хернинг ќе биде исполнета до последно место. Македонија по четврт пат игра со домаќинот на турнирот на големо натпреварување. Загуби од Италија 98, од Египет 99 и од Шведска на олимписките квалификации во 2012, а ја совлада Србија пред две години.