Нант го надигра Истр и го продолжи позитивниот тренд
Истр - Нант 28:32 (13:18)
Иако имаше силен ритам, тешки натпревари и патување за Германија, Нант продолжува со победнички ритам и позитивни резултати. Екипата на Кирил Лазаров извојува победа на гостувањето кај Истр со 28:32 (13:18). Ова е четврта победа по ред во францускиот шампионат за ракометарите на Нант кои остануваат најблизок пратител на лидерот ПСЖ.
Нант го надигра Лемго, но освои само бод на гостувањето во Германија
Лемго - Нант 37:37 (17:20)
Нант се квалификува за нокаут фазата на ЕХФ Лига Европа, но пропушти голема шанса да напредува до второто место во групата Б. Тимот на Кирил Лазаров одигра 37:37 на гостувањето кај Лемго, а го имаше и последниот напад за победа.
Нова лесна победа за Нант, Лазаров му даде два гола на Шамбери
Шамбери - Нант 25:32 (15:17)
Четири натпревари и четири победи во новата 2022 година за ракометарите на Нант е доказ дека екипата на Алберто Ентрериос во новата година влезе во вистински ритам. Вечерва Нант триумфираше со убедливи 25:32 на гостувањето против Шамбери и се искачи на второто место на табелата.
Лазаров постигна два гола, Нант вторпат го надигра фински Кокс
Нант - Кокс 36:25 (17:12)
Нант ќе игра во елиминационите натпревари на ЕХФ Лига Европа, а големи се шансите дека ќе тргне од една од водечките позиции во групата. Вечерва во Франција, Нант го надигра првакот на Финска, Кокс, кој вторпат оваа сезона нема никакви шанси во дуелите со екипата на Алберто Ентрериос. Финалните 36:25 реално покажуваат како се одвиваа работите на теренот во Франција.
Лазаров се врати на терените, Нант пресилен за Сант Рафаел
Нант - Сант Рафаел 38:32 (17:14)
Првпат во новата 2022 година, најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров одигра минути на официјален натпревар. По повредата на еден од последните тренинзи пред стартот на Европското првeнство во Дебрецен, Лазаров одигра дел од натпреварот од 16. коло на француското првенство против Сант Рафаел, кој Нант го доби со 38:32.
Нант и без повредениот Лазаров пресилен за Сант Рафаел
Сант Рафаел - Нант 27:36 (11:15)
Вијкендов продолжи ракометниот шампионат на Франција, земјата олимписк победник. Нант продолжи каде што застана во декември и го победи Сант Рафаел на гостински терен со 27:36.
Ако ја мине Романија, Македонија ќе се бори за мундијалска виза против Чешка
Чешка ќе биде финалната пречка на Македонија на патот до Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година, доколку нашите ракометари во првиот бараж дуел успеат да ја елиминираат Романија.
Романија е првиот противник за мундијалскиот бараж за македонската репрезентација
Во Будимпешта денес беа извлечени двојките за првиот бараж кој ќе го играме на патот до Светското првенство. Со оглед на пласманот на Македонија на ова Европско првенство Македонија ќе мора да помине две пречки до патот на светскиот собир. Првата пречка ќе биде Романија против која ќе играме двомеч.
Македонската репрезентација летна за Дебрецин, попладнево првиот тренинг
Македонската машка сениорска ракометна репрезентација попладнево отпатува за Унгарија, каде од четврток ќе го започне својот нов настап на завршницата на Европското првенство што ќе се одржува во Унгарија и Словачка.
Лазаров: Победата е добредојдена, иако Израел нè изненади!
Ракометната репрезентација на Македонија во првиот контролен дуел против Израел забележа победа од 31:28 и ја продолжи триумфалната серија во подготвителниот период пред заминувањето за Унгарија и настапот на Европското првенство.