Финска прв противник на македонскиот тим во квалификациите
Македoнија ја доби Данска во квалфикациите за ЕП 2022. Oваа селекција од Скандинавија никогаш не сме ја победиле, со Швајцарија имаме позитивен ефект, Финска ни е непознaт противник, но секако сме фаворити.
Македонија во група со светскиот првак во квалификациите за ЕП
Македонија ќе игра против Данска, Швајцарија и Финска во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.
Светскиот првак Данска е убедливо најсилната селекција во нашата група, таа е актуелниот владетел во светот на ракометот. Швајцарија е една од најквалитетните што можевме да ги добиеме од третиот шешир, додека Финска ќе биде аутсајдерот меѓу овие четири репрезентации.
Заради корона пандемијата се откажува шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7″
Шестиот интернационален ракометен камп "Кирил Лазаров 7" кој требаше да се одржи оваа година од 19 јуни до 1 јули се откажува. Причината е една и единствена, пандемијата предизвикана од вирусот Kовид-19.
Голден Арт КЛ7 го доведе Буторац, нов договор доби и Петковски
Создавањето и ангажирањето на млади македонски ракометари е идејната цел на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7. Клубот вложува и им дава можност на талентирани млади играчи да покажат и докажат дека може да се игра и да се постигнуваат резултати и со домашни играчи.
Одреден идеалниот тим, Сагосен МВП на сезоната во Франција
Норвежанецот Сандер Сагосен е прогласен за најдобар играч на сезоната во францускиот ракометен шампионат. Сагосен, кој летово го напушта ПСЖ и ќе се пресели во Кил, на престолот го наследи Мелвин Ричардсон.
Новиот ракометен шампионат на Франција ќе почне на 23 септември
Најсилниот француски ракометен шампионат ќе почне на 23 септември, а вториот по ранг шампионат стартува на 2 октомври, одличи здржението на клубови, на својата вчерашна седница.
Два европски шампиони го засилија Голден Арт КЛ7 во новата сезона
Ракометниот клуб Голден Арт КЛ 7, во пресрет на новата натпреварувачка сезона и предизвикот наречен Суперлига, согласно своите стратешки и развојни концепции, темелени на сериозноста на своите инвестициски партнери, како прв преземен чекор го засили стручниот штаб со два европски шампиони.
РК Голден Арт КЛ7 станува суперлигаш
Ракометната Федерација на Македонија на вчерашниот состанок на УО донесе одлука со која во македонската Супер лига ќе се натпреваруваат 16 клубови, наместо досегашната бројка од 12. Со тоа во најсилната лига влегуваат најуспешните четири екипи од Првата лига. Со ова РК „Голден Арт КЛ7" од следната сезона станува суперлигаш. Целта на клубот кој од август 2019 стана нов ракометен субјект во Првата лига, беше влез во Суперлигата преку квалитетен тренажен процес и професионален развој на младите играчи. Стратегијата до која се држи и работи РК „Голден Арт КЛ7" е афирмација на млади македонски талентирани играчи, која покажа резултати во досегашниот дел од првенството.
Најголемата ракометна фамилија, КЛ7, со роденденска порака за капитенот Кирил Лазаров
Кога рекордерите се рекордери со години, тогаш се историја, тој е историја родена пред 40 години на денешен ден во Велес.
Лазаров во идеалниот на ЛШ во 21-от век
Македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров се наоѓа во скоро сите избори на најдобрите во историјата на Лигата на шампионите. Така, најдобриот стрелец на натпреварувањето се најде и во најдобрата седморка според данскиот ракометар Расмус Бојсен.