Нант играше спектакуларно и го испрати Лазаров како крал!
Нант - Тулуз 32:18 (14:8)
Кирил Лазаров го одигра претпоследниот натпревар во својата кариера на клупски план, последен пред домашната публика во Нант која вечерва за последен пат му се радуваше на македонскиот ракометен генијалец. По прекрасна вечер вицешампионот на Франција со победа испрати пет ракометари и тренерот Ентрериос, но прославата во чест на Лазаров беше уникатна и незаборавна.
Лазаров: Нант е мојата најдобра одлука во кариерата!
Легендарниот Кирил Лазаров заминува во пензија. Македонскиот ас имаше посебно обраќање пред присутните на специјална прес-конференција во Франција.
Цела екипа дојде да го поздрави Лазаров на прошталната прес-конференција
Францускиот клуб Нант организараше прес-конференција во чест на Кирил Лазаров на која македонскиот ас се збогува од активното играње, а на неа дојдоа сите за да му оддадат чест.
Кирил Лазаров објави пензија од активното играње ракомет
Почитувани
Моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај. Одлуката беше тешка да се донесе, но сепак очекувана. Тешка затоа што го работев тоа што го сакам, од срце, со многу страст и ентузијазам. На моја возраст не е нималку лесно да играш на високо ниво во клуб со големи амбиции и очекувања, и во лига чија национална репрезентација веќе две децении доминира во светот на ракометот.
Нант го освои Нанси и го потврди второто место во шампионатот
Нанси - Нант 26:32 (16:16)
На едно коло до крајот на шампионатот на Франција, Нант на Алберто Ентрериос и Кирил Лазаров ја исполни целта. Имено, клубот на македонскиот репрезентативен капитен ја освои вицешампионската титула и ќе аплицира за настап во Лигата на шампионите за сезоната 2022/22.
Витална победа против Ним, Нант на чекор до вицешампионската титула
Нант - Ним 39:28 (22:16)
Кирил Лазаров и Нант се многу блиску до потврда на второто место во францускиот шампионат и веројатно учество во Лигата на шампионите следната сезона. Во еден од последните домашни натпревари до крајот на сезоната, Нант го декласира Ним со 39:28 (22:16).
Познати ривалите за Медитеранските игри во Оран
Машката ракометна репрезентација на Македонија ги дозна противниците во групната фаза на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран. Ракометарите на Кирил Лазаров се најдоа во групата Б со Шпанија, Турција, Грција и Алжир.
Голема победа во Монпелје, Нант на чекор до второто место
Монпелје - Нант 27:29 (13:14)
Последните две недели од тековната ракометна сезона започнаа според планот на Нант. Победата на гостувањето во Монпелје широко ги отвора вратите кон второто место и Лигата на шампионите. Екипата на Кирил Лазаров донесе два бода од гостувањето кај Монпелје и така тимот остана во игра за втората позиција. Момците на Ентрериос извојуваа победа со 27:29 кај четврфиналистот на Лигата на шампионите, а финишот и карактерот на гостите го решија прашањето на победникот.
Лазаров го скрати списокот за Медитеранските игри
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за подготовки за Медитерански игри во Оран (Алжир).
Медитеранските игри ќе се одржат во Оран, Алжир во период од 25 јуни до 5 јули 2022 година.
Нант го надигра Сесон Рен, второто место во шампионатот на дофат
Нант - Сесон Рен 31:26 (13:11)
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров се врати по повредата во баражот за Светското првенство против Чешка и се најде во официјалниот протокол, но не доби шанса на еден од последните домашни натпревари на Нант во домашното првенство. Имено, Лазаров тренира веќе подолг период и се подготвува за последните кола од шампионатот и финалето на Купот против ПСЖ на 11 јуни.