Симонет го спаси Монпелје, Нант пропушти победа на жешкото гостување
Монпелје - Нант 27:27 (14:13)
Првпат од почетокот на сезоната во Франција, Нант не победи, но одигра уште еден голем натпревар и се наоѓаше пред полн погодок на теренот на Монпелје. Во реприза од претпоследното финале на Лигата на шампионите, Монпелје со гол на Симонет на десет секунди до крајот се спаси од пораз и извлече реми против вицешампионот.
Лазаров го поведе Нант до трета победа во францускиот шампионат
Нант - Тулуз 31:28 (15:13)
Ако во Лигата на шампионите загуби два натпревари, во францускиот шампионат екипата на Нант продолжува со серијата победи. Во третиот дуел од шампионатот, Нант го совлада Тулуз со 31:28 (15:13), во надигрување до самиот финиш, во кое поискусниот тим на Алберто Ентрериос стигна до победата.
Нант победи во Шартр и со две победи ја почна сезоната во Франција
Шартр - Нант 24:25 (13:13)
Втор натпревар и втора победа за Нант на Кирил Лазаров во францускиот ракометен шампионат. На многу потежок начин од очекувањата, вицешампионот запиша победа на теренот на Шартр со 24:25.
Нант парираше до 50. минута, но Барса со моќен финиш ги однесе бодовите
Нант - Барселона 27:35 (15:18)
Во допадлив натпревар, во кој двете екипи играа подобро во напад, отколку во одбрана, Барселона во Франција го совлада Нант со 27:35 (15:18) и остана перфектна во Б групата на Лигата на шампионите. Нант имаше свои добри периоди, но моќниот тим на Чави Пасквал ја покажа моќта на подолгата клупа и акумулираното искуство.
Нант ја заокружи перфектната недела со победа над Иври
Нант - Иври 30:24 (16:13)
Викендов со натпреварите од првото коло, започна новиот француски ракометен шампионат. Вицешампионот Нант ја заокружи перфектната недела и по победата над Кил во „Шпаркасен Арена" запиша први бодови и на домашна сцена.
Декласиран Кил среде Германија, прва победа за Нант во ЛШ
Кил - Нант 27:35 (12:15)
Францускиот претставник во Лигата на шампионите, Нант приреди големо изненадување и го декласира Кил среде Германија со огромни осум разлика. Со одличен пристап, водство во текот на сите 60 минути и неколку спектакуларни голови и одлични одбрани на Нилсен, Нант славеше со 27:35 (12:15).
Кирил Лазаров: На домашен терен мора да сонуваме победа против секој ривал!
Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров ја започна својата 20-та сезона во Лигата на шампионите. За францускиот медиуми „Ouest-france" ѕвездата на Нант пред почетокот на Лигата на шампионите зборуваше за оваа необична сезона, за новите предизвици и одлуката за завршување на кариерата.
Лазаров: Веспрем имаше одличен голман, пропуштивме шанса дури и да ги победиме
Вечерва во Веспрем ги однесе бодовите, во соочување во кое меѓу најдобрите поединци беа двајцата македонски репрезентативци, Кире Лазаров и Дејан Манасков.
Македонското дерби за Манасков, Веспрем освои цел плен во Нант
Нант - Веспрем 24:28 (10:11)
По долга пауза продолжи Лигата на шампионите, а спектакуларен натпревар ви Франција одиграа последните два вицешампиони на Европа, Нант и Веспрем. Во рамките на Б групата победа извојува унгарскиот тим со 24:28, откако во три четвртини дуелот беше израмнет и решаваа нијанси. Сепак, во последните 15-тина минути тимот на Дејвис се одлепи и дојде до значајна гостинска победа.
Почнува ЛШ: Нант и Лазаров дебитираат против европскиот вицешампион
Кирил Лазаров со Нант вечерва се враќа во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец и неговата екипа се најдоа во групата Б, во која се три поранешни клуба на Лазаров: Барселона, ППД Загреб и Веспрем. Во групата се, уште и Кил, Алборг, Мотор и Целје. Вечерва во Нант гостува Веспрем, поранешниот клуб на Лазаров и европски вицешампион.