ASOBAL лига 2012/13 Есенски дел
Компјутерот ги исфрли паровите за најсилната ракометна лига во Шпанија. Вака изгледа првата половина која ќе трае се до 15 декември, кога ќе настапи пауза од 48 дена заради Светското првенство во Шпанија.
Оваа сезона е вистинската за трофеј во ASOBAL лигата
ВИДЕО: Познат календарот за новата ASOBAL лига
Денес во седиштето на федерацијата во Мадрид „се роди„ новата сезона на шпанското ракометно првенство. 23 издание на ASOBAL лигата официјално почнува на 8 септември 2012 и ќе трае до 25 мај 2013 година. Ќе се натпреваруваат 16 екипи , а пак главните фаворити за титулата се Атлетико Мадрид и бранителот на тронот Барселона.
Добро со русите, лошо со скандинавците
Традицијата вели дека со половина од ривалите од Б групата во Севиља имаме негативен биланс. Скандинавскиот ракомет не „ни лежи„ иако има исклучоци кои говорат дека сме знаеле да го разбиеме комплексот. Со Данска билансот е два порази од исто толку официјални мечеви.
Сан Антонио се откажа од ASOBAL лигата
Сан Антонио се откажа од своето место во ASOBAL Лигата, поради тешкотиите во пронаоѓање на спонзор, кој ќе им овозможи да се натпреварува во наредната сезона. Сан Антонио беше ASOBAL шампион во сезоните 2001-2002 и 2004-2005, европски првак во 2001 година по историското финале против Барселона.
ВИДЕО: Севиља - наредна дестинација на „фалангата„
По Ниш, Белград, Гетеборг и Виена наредна дестинација на македонската „фаланга„ е шпанскиот град Севиља. Најмалку 6-7 дена нашите навивачи во овој град ќе ја бодрат ракометната репрезентација. Севиља е културен, финансиски и уметнички центар на јужна Шпанија и главен град на покраината Андалузија и провинцијата Севиља.
Лазаров: „Силна група, но од нас се зависи„
Веднаш по мадридкста ждрепка почнаа реакциите на нашата ракометна јавност околу противниците и нашите можности против нив во Шпанија. Капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров веднаш по дознавањето на ривалите ни рече:
Македонија во група со Данска, Исланд и Русија
Македонија ги дозна своите противници за Светското првемство во Шпанија од 11 до 27 јануари 2013 година. Националниот тим на Звонко Шундовски воден од капитенот Кирил Лазаров имаше солидна ждрепка за своето трето учество на светските првенства.
Писмо од Агенцијата за млади и спорт до РФМ
ВИДЕО: Шундовски посакува подобар резултат од Хрватска 2009
Египет 1999 и Хрватска 2009 се двата настапи на нашата ракометна репрезентација на Светските првенства. Ако во Шведска 2011 не успеавме да се квалификуваме, во Шпанија во јануари 2013 година, Лазаров и другарите ќе бидат учесници и не само учесници.