hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Лазаров и Атлетико до светската титула

Atletico-Madrid-handball

Атлетико Мадрид - Кил 28:23 (13:13)

Во ни малку лесна состојба, Кирил Лазаров како неверојатен професионалец го подготви и го одигра веројатно најтешкиот натпревар во кариерата. И како што некогаш знаат перфектно да се вклопат коцките, го освои можеби највредниот трофеј во клубската кариера. Како и во полуфиналето, така и денес Атлетико Мадрид одлично го отвори финалниот меч.

Повеќе...

Реакции: Голем меч на две големи екипи

atletiko - al saad

Талант Душебаев
(тренер на Атлетико Мадрид)

Јас сум задоволен со оваа победа во неверојатно тежок меч на две големи екипи. Водството постојано се менуваше до крај и ние бевме посреќни да славиме, бидејќи постигнаме гол во последната секунда.

Повеќе...

Трето финале за Лазаров, прво за Атлетико

kire 31 08 2012

Атлетико Мадрид - Ал Саад 33:32 (18:19)

Во вистински трилер во првото полуфинале на IHF Супер глоб 2013, екипата на Кирил Лазаров обезбеди финале, а нашиот ас имаше огромен удел во тешко издвојуваната победа над домашниот Ал Саад.По трет пат во кариерата Лазаров ќе игра за светската круна, а утре за прв пат на тронот на светот ќе се обиде да се искачи Атлетико Мадрид.

Повеќе...

ASOBAL гала свеченост в петок во Мадрид

florida park

„Флорида парк„ во Мадрид е местото за прославата на гала вечерта на Asobal лигата в петок на 7 септември. Гала церемонијата ќе биде симболичен почеток на ASOBAL сезоната, во кој сите тимови ќе ги презентираат своите ростери за сезоната 2012/2013.

Повеќе...

Штербик од Атлетико во Барселона

sterbik3

Шпанскиот интернационален голман Арпад Штербик ќе мине овие дена во Барселона, како и што се очекуваше. Како што е предвидено, црвено белите и каталонците дојдоа до договор за голманот кој во последните неколку сезони настапуваше за Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал). Секој момент се очекува официјализација. Штербик ја реализираше неговата желба да го напушти Атлетико и јасно му порача на претседателот Доминго Диаз де Mera, што побрзо да дојде до договор со Барселона. Брзо почнаа и завршија преговорите меѓу двата клуба.

Повеќе...

ASOBAL дебито на 12 септември

kire 30 08 2012

Шпанската ракометна федерација ги објави судиите и сатницата заради ТВ потребите на новата сезона во ASOBAL лигата. Така Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров ќе дебитира наредната среда во 20:30 часот со директен пренос на порталот на Кирил Лазаров. Познати се и делителите на правдата за првото коло.

Повеќе...

Магнус Дал на голот Атлетико Мадрид

magnus

24 норвешки голман Магнус Дал му се приклучи на Атлетико Мадрид за претстојната сезона. По домашниот Филинген и францускиот Париз, талентираниот норвешки голман ќе се обиде да му помогне на Хавиер Омбрадос во предизвиците во ASOBAL и VELUX ЕХФ Лигата на шампионите.

Повеќе...

Победа, прво место и полуфинале

zamalek 1

Атлетико Мадрид - Замалек 29:25 (12:15)

Египетскиот повеќекратен првак Замалек беше последниот ривал на Атлетико на Кирил Лазаров во А групата на IHF Супер глоб 2013. Во игра беше првата позиција и на хартија нешто полесен противник во полуфиналето во петок.

Повеќе...

Методиста со видлив прогрес

talant dush. 1
 
Талант Душебаев
(тренер на Атлетико Мадрид)

Игравме многу подобро отколку во првиот натпревар и нашиот развој е чекор по чекор. Морам да му честитам бразилската екипа, бидејќи тие навистина одиграа добар натпревар и покажаа голем напредок во споредба со минатото. Тоа е добро за ракометот во целина ако тимови како Методиста се уште подобри на наредните турнири.

Повеќе...

Втора победа и полуфинале за Атлетико Мадрид

kire temen dres golema

Атлетико Мадрид - Методиста СБ 34:27 (16:16)

Првата цел ракометарите на европскиот вицешампион Атлетико Мадрид ја остварија. Со две победи во својата група обезбедија полуфинале и тоа од првата позиција. Во вториот натпревар денес победен бразилскиот и јужноамериканскиот првак Методиста Сан Бернардо од Сао Паоло.

Повеќе...