hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Познат идеалниот тим на соиграчи на Кирил Лазаров

kire

Како помош за наградната игра на официјалната веб страна на Кирил Лазаров, минатиот месец нашиот ракометар понуди неколку алтернативи на секое место, за да им биде полесно на неговите „фанови„ да ги одберат најдобрите соиграчи.

Повеќе...

Првите пет меча на Македонија на мундијалот чинат 4.500 денари

kire 15 09 2012
 
Вкупно 75 евра или 4.500 денари ќе им бидат потребни на припадниците на македонската фаланга за да ги бодрат Кирил Лазаров и останатите ракометари на сите пет меча од првата фаза на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 до 27 јануари 2013 година во Шпанија.

Повеќе...

В недела Лазаров и екипата на „Висенте Калдерон„

kire 14 09 2012

В недела од 21:30 часот на стадионот „Висенте Калдерон„ во Мадрид во рамките од 4 - коло од шпанската фудбалска Ла Лига, ќе се игра градското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Рајо Валекано. Пред почетокот на средбата ракометната секција на клубот со нашиот Кирил Лазаров ќе продефилира на тревникот со пехарот од IHF Супер глоб 2013 или клубската светска титула освоена во Доха пред две недели.

Повеќе...

На 25 септември ждребка за новиот Шпански Куп

pehar copa del rey

Ждрепката за вториот круг на Купот на Кралот 2012/2013 ќе се одржи во вторник на 25 септември 2012 во 14:30 часот во седиштето на ASOBAL во Сант Џоан Деспи (Барселона).

Повеќе...

Објавена сатницата за Светското првенство

kire 13 09 2012

Два натпревари во првиот термин, два во вториот и само еден натпревар во вечерниот термин е одлуката за сатницата на Светското првенство на македонската репрезентација. Организаторот заедно со шпанската национална телевизија, која ги има ТВ правата за првенството веќе ги дефинира поголемиот дел од термините за турнирот.

Повеќе...

Атлетико рутински, Лазаров со 5 гола

kire 120902012

Атлетико Мадрид - Натурхаус Ла Роха 31:23 (15:8)

Прв меч и прва победа на ракометарите на Атлетико Мадрид во обидот по две сезони да ја вратат титулата, која е во сопственост на Барселона. Слаба посета во огромниот „Висталегре„ го дочека дебито на Атлетико Мадрид во новата сезона на ASOBAL лигата. Незгодната екипа од Логроњес со многу искусни ракометари во својот ростер, дојде да го „испоти„ големиот фаворит среде Мадрид.

Повеќе...

Маркусен утре ќе биде опериран

markusen

Данскиот интернационалец во Атлетико Мадрид, Николај Маркусен ќе мора на операција, како би ги решил проблемите со коленото, кои го мачат по враќањето од Олимпијадата. "Во моментов немам болка, но најдобро е да се реши проблемот сега и да не чекам повеќе да дојде критичен момент", вели Маркусен. На Маркусен утре треба да му биде отстранета "масна циста", која е откриена во задниот дел на левото колено.

Повеќе...

Шундовски и Ангеловски ги минаа квалификациите

zvonko sundovski konstanca

Констанца - Татран Прешов 26:21 (16:10)

Првакот на Романија, Констанца на македонскиот селектор Ѕвонко Шундовски и репрезентативецот Бранко Ангеловски обезбедија групна фаза на Лигата на шампионите и ќе се соочат со Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров.

Повеќе...

Талант: „Имавме многу недоразбирања„

talant i pasqual 2

Талант Душебаев
(тренер на Атлетико Мадрид)

Не игравме многу добро и мораме да се подобриме. Не е алиби отсуството на Маркусен и Парондо, но тоа ни ги наруши плановите. Имавме недостаток на разбирање меѓу ракометарите, понекогаш губевме неколку топки кои нормално не ги губиме, но тоа е нормално за овој период од сезоната.

Повеќе...

Суперкупот се сели во Барселона

atle barc

Атлетико Мадрид - Барселона 31:34 (13:17)

Долгонајавуваниот Суперкуп на Шпанија меѓу гигантите Атлетико Мадрид и Барселона започна со едноминутно молчење, како сочуство за смртта на таткото на Кирил Лазаров. Со веројатно втората најголема посета во „Висталегре„ на еден ракометен натпревар (9.000 гледачи), започна офанзивното шоу на најдобрите ракометари во Шпанија и светот.

Повеќе...