hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шампионот уште посилен од лани

kire 28 09 2012

Веќе се одиграа првите натпревари од групната фаза на новата Лига на шампиони. Се почувствува магијата на најквалитетното натпреварување на континентот. Веќе почнаа прогнозите, фаворитите, комбинациите. Скоро во сите се наоѓаа и имињата на Кил и Атлетико Мадрид.

Повеќе...

Освојте дрес од Лазаров со само еден едноставен одговор

kire lazarov508
 
Ново наградно прашање на официјалната веб страна на Кирил Лазаров?

Погодете го точниот одговор и добијте дрес од Лазаров од еден од неговите поранешни клубови?

Повеќе...

Агресивно и нервозно, но Атлетико сепак слави

7921195996 066f2637e4 z

Палма дел Рио - Атлетико Мадрид 28:32 (13:17)

Второто гостување во шампионатот, дури до Кордоба во „Павиљон Ел Пандеро„ за ракометарите на Атлетико Мадрид беше „генералка„ за репризата од финалето на шампионите со Кил в недела во „Висталегре„ во Мадрид. И без повредените Омбрадос и Маркусен, гостите ја оправдаа фаворитската улога, иако впечаток е дека и од овој натпревар најважниот впечаток, кој треба да се извлече се бодовите. Мечот во првите 10-12 минути беше така изедначен што ниту една од екипите не отиде на повеќе од еден гол предност.

Повеќе...

Академија Октавио прв ривал во Купот на Кралот

zdrepka asobal cup

Ракометарите на Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров денес го дознаа својот противник во првата рунда од националниот Куп. На почетокот од декември на гости кај Академија Октавио, мадриѓаните ќе тргнат во одбрана на титулата. Поднослива ждрепка на патот до фајнал-фоур турнирот кој за прв пат оваа сезона ќе го даде победникот во Купот на шпанскиот Крал.

Повеќе...

КОЛУМНА: Кирил Лазаров: „Се појави надеж....„

1

Минатиот месец направивме кратко резиме и време е да работиме со многу енергија и ентузијазам во новата сезона за Мак-ракометот. По многубројните критики за работата со младите категории во минатите години и срамните резултати кои ги постигнувавме, еве конечно барем малку надеж за македонските навивачи, кога станува збор за нашата иднина.

Повеќе...

Кире џабе зборува, РФМ не го слуша!

kirelazarov5 33402

Спортскиот портал „ЕКИПА„ објави текст во кој дознава за нов преседан во македонскиот ракомет, директно поврзан со опомените на нашиот најдобар ракометар во врска со нашата ракометна иднина. Кире Лазаров веќе неколку години наназад предупредува дека успеси не треба да се бараат само од сениорската репрезентација, туку дека мора да се обрне внимание и на младинските селекции, од каде што мора да се црпат талентите во овој спорт.

Повеќе...

Пак во вториот дел, Атлетико ја заврши работата

kire 23 09 022012 copy

Атлетико Мадрид - Хелветиа Анаитасума 36:31 (15:16)

Првиот меч игран точно на пладне, Атлетико Мадрид го дочека свеж, без обврски на средината од неделата и со мотиви да го декласира тимот на Хелветиа, слично како лани кога беше 37:23. Но овој пат жилавите баскијци не мислеа така. Лазаров доби шанса во стартниот тим во постојаниот систем на ротација на Душебаев и веднаш асистираше за првиот гол во мечот на Гарсија Парондо.

Повеќе...

Перковац главниот адут на швајцарците

svajcarija rakomet
 
Полека се ближи стартот на квалификациите за Европското првенство во Данска, а репрезентацијата на Швајцарија е првиот наш ривал во Скопје, на крајот од октомври. Оваа репрезентација долго не била учесник на едно големо натпреварување, а за да излезе на мегдан со „црвено-жолтите„ мораше да мине предквалификации, каде забележа две победи и имаше едно реми:

Повеќе...

Лазаров во уште еден идеален тим!

handball woche

Признанијата за македонскиот ракометен „бисер„ не престануваат. Само два дена откако беше поздравен заедно со целата екипа на Атлетико Мадрид на стадионот „Висенте Калдерон„ сега е во потесниот избор за место во идеалниот тим на Лигата на шампионите, според престижниот „Handballwoche„. Во натпреварувањето во кое нашиот ас игра повеќе од една деценија и во два наврати беше најдобар стрелец, сега на две недели во групната фаза во сезоната 2012/13, се најде во избраното друштво.

Повеќе...

Пресврт победа на Атлетико, Лазаров стандардно добар

kire 15 09 2012222

Гвадалахара - Атлетико Мадрид 27:33 (18:16)

Првото гостување за Лазаров и другарите беше во близина на Мадрид, кај амбициозниот тим на Гвадалахара со тренерот Матео Гаралда, србинот Ненадиќ, голманот Гомез и Радуловиќ. Гостите допатуваа без оперираниот Маркусен, ровитиот Јуркиевич, Гарсија Парондо и без капитенот Омбрадос.

Повеќе...