hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: "Кил и Атлетико Мадрид можат повторно до крај"

KL big 4 copy

ehfCL.com разговораше со македонскиот стрелец на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров пред натпреварот на неделата во Кил.

Повеќе...

Калман побрз од сирената

kire 29 11 2012

Арагон - Атлетико Мадрид 24:24 (10:10)

Пред големите предизвици Кил и Барселона, Лазаров и Атлетико Мадрид мораа да ја одработат и последната пречка пред директната пресметка со шампионот во ASOBAL лигата. Гостувањето во Сарагоса кај Арагон, само еден ден по триумфот на Барса над Адемар Леон, ни малку не беше едноставно и не можеше да се окарактеризира како однапред впишани бодови.

Повеќе...

Преку Ниш и Пореч до Севиља

kire 28 11 2012

Полека се кристализира планот на контролни натпревари кои не водат на светското првенство во Шпанија. Предвидени се неколку контролни натпревари, а првата база ќе биде Ниш каде ќе се одиграат дуели со Србија и Египет на 4 и 5. јануари.

Повеќе...

Подраматично од Букурешт, но пак слави Атлетико Мадрид

kire 25 11 2012

Атлетико Мадрид - Констанца 25:24 (12:11)

Само десет дена од меѓусебниот дуел во Романија, Атлетико Мадрид и Констанца мораа пак на мегдан во Лигата на шампионите, во меч со голем влог за двете екипи. Шундовски и Ангеловски знаеа дека патот во презимувањето на првакот на Романија води само преку подвизи во последните четири средби, а како невозможна мисија беше окарактеризираната можноста за полн плен во „Висталегре„.

Повеќе...

Шабановиќ го сопре разиграниот Грањолерс

kire 21 11 2012

Атлетико Мадрид - Грањолерс 30:26 (13:12)

Тешко издвојувана победа на ракометарите на Атлетико Мадрид во мечот со традиционалниот шпански подзаспан „џин„ Грањолерс. Екипата од главниот град денес ги одмараше Агинагалде, Калман и Балиќ, кои ќе се вратат за мечот со Констанца в недела. Мечот го отвори агресивно каталонскиот тим и со головите на Грундштајн и Раул Кампос поведе со 1:2

Повеќе...

Лазаров втор пат во идеалниот тим

kire 20 11 2012 1

Македонскиот ракометар и член на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров влезе во тимот на колото во Лигата на шампионите, по одличните игри во нивните клубови. Лазаров постигна девет гола за Атлетико на гостувањето кај Констанца и беше клучен играч за пресвртот во Романија. Ова е второ вклучување на капитенот на македонската репрезентација во идеалната седморка, по неговиот блескав настапи во Цеље против Пивоварна Цеље.

Повеќе...

Лазаров и Маркусен за нова пресврт победа на Атлетико

kire 20 11 2012 2

Хуеска - Атлетико Мадрид 25:27 (16:13)

Со веста за неочекуваниот пораз на Кил во Цеље во Лигата на шампионите, ракометарите на Атлетико Мадрид само 48 часа по мечот во Романија, мораа да играат за првенствени бодови во Хуеска. И немаа право на грешка, по победата на Барселона над Арагон. Домаќините брзо поведоа со голот на Елој по само неколку секунди. Минута подоцна следеше и првата интервенција на босанското засилување на голот Аднан Шабановиќ. Откако Маркусен го постигна првиот гол за гостите, Демовиќ и Елој од линијата од 6 метри зголемија на 3:1 по 6 минути игра.

Повеќе...

ASOBAL Купот во декември во Виго

kire 15 kup

Шпанската ракометна ASOBAL асоцијација го одреди галициското место Виго како домаќин за завршниот турнир на ASOBAL купот на 21 и 22 декември. По трет па по 1995 и 2010 година, овој град ќе биде домаќин на таканаречениот фајнал-фоур. Четирите екипи кои ќе завршат на првите четири позиции по првиот дел од ASOBAL лигата ќе играат на овој куп турнир.

Повеќе...

„Македонското дерби„ за феноменалниот Лазаров

kire 15 11 2012

Констанца - Атлетико Мадрид 23:28 (13:12)

По скоро еден месец пауза, продолжувањето на Лигата на шампионите беше нов почеток за Атлетико Мадрид. Вицешампионот на Европа мора уште многу работи да поправи, за да ја обезбеди европската пролет и да се врати на минатогодишното ниво. Затоа мечот кај романската Костанца за Лазаров беше македонско дерби со Ангеловски и Шундовски, а за целиот клуб прво евро-финале за поправање на впечатокот.

Повеќе...

ASOBAL дербито на 9 декември во 13 часот

kire 12 11 2012

Шпанската ASOBAL федерација го објави терминот и сатницата за најважниот меч во шпанското ракометно првенство до крајот на годината. Имено минатата сезона, Барселона стана првак со само еден пораз, а Атлетико Мадрид беше втор со еден пораз и едно реми. Така и оваа сезона меѓусебниот дуел на двата кандидати за титулата можат да решат многу работи.

Повеќе...