hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„Шпанската фурија„ пресилна за црвено-жолтите

kire 0304

Квалификации за ЕП - Данска 2014

Македонија - Шпанија 17:24 (7:13)

Гостувањето на светскиот првак Шпанија го оправда епитетот ракометен спектакл во нашата земја, слично како пред една и пол деценија кога Хрватска гостуваше во Скопје како олимписки шампион. На дебито селекторот Обрван им даде доверба на Недановски (во стартниот тим) и на Кузмановски, Мајнов и Ангелов за разлика од тимот кој настапуваше на светското првенство. Уште од првиот напад Арпад Штербик најави дека е во голема форма.

Повеќе...

ВИДЕО: Почит за Шпанија, но и Македонија има свои адути

obrvan 02 04 2013

Пред натпреварот на годината и гостувањето на светскиот првак Шпанија и најтрофејниот ракометен тренер во историјата Валеро Ривера, македонската ракометна јавност е „на нозе„ И на прес-конференцијата пред мечот се чувствува важноста на мечот и на бодовите. За македонските медиуми говореа селекторот Обрван и Филип Миркуловски, а капитенот Кирил Лазаров го најави мечот за шпанска „Марка„

Повеќе...

Повикан Чема Родригез место повредениот Сармиенто

chema rodriguez

Нови невољи за селекторот на актуелниот светски првак пред двата квалификациски меча со Македонија. Имено Шпанија во Скопје в понеделник ќе допатува и без организаторот на играта на Барселона, Даниел Сармиенто.

Повеќе...

Лазаров не ги менува старите добри навики

kire 30 03

С. Енкантада - Атлетико Мадрид 26:27 (13:13)

По успешната недела и пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите и полуфиналето на Купот на кралскиот Куп, успешната недела ракометарите на Атлетико Мадрид требаше да ја заокружат со победа на гостувањето во Куенка кај Сиудад Енкантада.

Повеќе...

Парондо се сели во Сегедин

parondo

По официјализацијата за преминот на Николај Маркусен во Катар, уште еден ракометар на Атлетико Мадрид ја знае својата иднина за наредната сезона. Пред некоја недела Роберто Гарсија Парондо потврди дека нема да го продолжи договорот со Атлетико Мадрид, а веќе се знае и новата дестинација.

Повеќе...

Баена место Агинагалде против Македонија

rafael baena

Пивотменот на францускиот Кретеј, Рафеел Баена е дополнително повикан во репрезентацијата на Шпанија за двомечот со Македонија на 3 и 7 април по повредата на Хулен Агинагалде.

Повеќе...

ВИДЕО: Како се „коваше„ четвртфиналето

kire 29

Некогаш таканаречениот „говор на телото„ кажува многу повеќе од милион зборови. Така ова видео кое на својата официјална веб страна го објави ракометарот на Атлетико Мадрид, Давид Дејвис јасно кажува дека момците на Душебаев во Берлин допатувале самоуверени во подвиг.

Повеќе...

Маркусен го замени Атлетико со катарскиот Ал Џаиш

kire 28 03 2013

Левиот бек на мадридски Атлетико, Николај Маркусен реши да си замине од Шпанија и да ја продолжи својата кариера во Ал Џаиш - Катар. Данскиот интернационалец заедно со Лазаров беше еден од клучните ракометари на Атлетико и како таков требаше да биде голем адут пред четвртфиналните пресметки од Лигата на шампионите против големиот ривал Барселона.

Повеќе...

Обрван го одреди дефинитивниот список за мечевите со Шпанија

kire 27

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Обрван го скрати списокот на ракометари од 28 на 19 имиња + 2 резерви за продолжувањето на квалификациите за ЕП во Данска 2014 година. За двомечот со Шпанија на 3 и 7 април боите на нашата селекција ќе ги бранат

Повеќе...

Атлетико Мадрид го обезбеди „билетот„ за Виго

kire 26 03 2013  3

Куп на шпанскиот Крал (Осминафинале - 2 меч)

Атлетико Мадрид - Грањолерс 33:28 (18:14)

Прв натпревар: Грањолерс - Атлетико Мадрид 25:30

Мечот од возвратната програма на четвртфиналето на Купот на Кралот, за Атлетико Мадрид беше еден вид формалност и прослава за пласманот меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите. Каталонскиот Грањолерс дојде во „Висталегре„ без ништо да загуби, а таквите противници се најопасни. Раул Кампос добро го отвори мечот и со два гола ги доведе гостите во рано водство (2:4).

Повеќе...