hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Каденас наследник на Валерио Ривера

manolo cadenas

Една од селекциите која веќе се квалифукува на Европското првенство во Данска беше принудена да го менува селекторот. Светскиот првак Шпанија мораше да побара наследник на Валерио Ривера, кој отиде на кормилото на катарската репрезентација. Шпанија го именува Маноло Каденас како селектор на шпанските ракометари во наредниот циклус за европското и светското првенство.

Повеќе...

Петар Ангелов успешно опериран

petar angelvo divi

Репрезентативниот голман и член на Металург Петар Ангелов обелодени дека подолго ќе одсуствува од терените, заради операцијата која беше извршена во Загреб, а беше неопходна по неговата повреда. Хируршкиот зафат е изведен пред два дена во Хрватска, а Ангелов веќе се врати во Скопје.

Повеќе...

ФОТО: Шоу во соблекувалната на Атлетико

image 1367695586130134

Победата над Натурхаус Ла Роха ги ослободи од сите можни притисоци и елиминацијата од Европа, ракометарите на Талант Душебаев. Како никогаш позаслужено беше освоен Купот на Кралот.

Повеќе...

Ланецот на успешни сезони продолжува

kire e kral3

Уште еден несекојдневен рекорд е во сопственост на Кирил Лазаров. Ретко кој може да се пофали со трофеи во континуитет во текот на скоро цела негова кариера. Така и оваа трета негова сезона во Шпанија ќе заврши со два освоени пехари: IHF Супер глоб и Купот на шпанскиот Крал. Со овие два трофеи 17 сезона по ред, Лазаров освојува најмалку еден трофеј во тековна сезона. Најмногу три освои со Реновалиа Сиудад Реал во сезоната 2010/11.

Повеќе...

33 трофеј во кариерата на Кирил Лазаров

kire 0405

Освојувањето на националниот Куп на кралот во Логроњо е рекорден 33 трофеј во сјајната кариера на Кирил Лазаров. Јубилејниот 15 куп освоен е на ефектен начин со две повеќе рутински, одколку тешки победи над Барселона и Натурхаус Ла Роха. Ова е шести трофеј во дресот на Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) за капитенот на македонската репрезентација.

Повеќе...

Куп титулата останува во Мадрид

kire copa pehar2

Куп на шпанскиот Крал - финале

Натурхаус Ла Роха - Атлетико Мадрид 28:38 (15:18)

Големото финале на Кралскиот Куп не беше само дуел за престижен трофеј, туку и многу повеќе за Атлетико Мадрид. Против Натурхаус Ла Роха мораа да се надминат себеси и да се справат со домашната публика.

Повеќе...

Натурхаус Ла Роха втор финалист

naturhaus

Натурхаус Ла Роха - Пуерто Сагунто 31:25 (18:13)

Поттикнати од домашната публика, ракометарите на Натурхаус Ла Роха го обезбедија местото во финалето на Купот на шпанскиот крал в сабота од 18:30 часот. Во меч со постојано водство на екипата од Логроњо, победникот во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Повеќе...

Дванаесетто финале за Кирил Лазаров откако е во Шпанија

Kiril-Lazarov5-300x199

Финалето на 38 Куп на Шпанскиот крал е дванаесетти завршен натпревар на нашиот интренационалец во неполни три сезони. Откако пристигна од Загреб Кроација осигурување, Лазаров во сите можни клубски натпреварувања играл за титула.

Повеќе...

Слатка одмазда на Атлетико против Барселона

kire copa barca

Куп на шпанскиот крал - Полуфинале

Барселона - Атлетико Мадрид 28:31 (8:14)

Само шест дена по елиминацијата од Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид имаше можност за реванш на полуфиналниот меч од националниот Куп. На повредените Шабановиќ и Бараше, му се приклучи и Гарсија Парондо, кој остана во Мадрид

Повеќе...

Атлетико пристигна во Логроњо

kire 0205

Сите четири екипи кои од петок ќе се борат за титулата од Купот на шпанскиот Крал, веќе пристигнаа во Логроњо. Со автобус од Мадрид, екипата на нашиот Кирил Лазаров последна се приклучи во градот домаќин на завршниот турнир.

Повеќе...