hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров во идеалниот тим на третото коло

kire 14102013

Зад нас е уште едно спектакуларно коло од Лигата на шампионите, а најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров со деветте постигнати гола и лидерскиот настап во победата на Барселона над Металург се најде во идеалниот тим на 3 - коло.

Повеќе...

ФОТО: Подршка за Лазаров дури од Швајцарија

site so 77

Македонските љубители на ракометот ги има насекаде. Дали игра репрезентацијата или ги бодрат репрезентативците, членови на „Фалангата„ не жалат пари, енергија и желба да следат елитен ракомет. Така ракометните навивачи од Швајцарија допатуваа во Барселона само за мечот од третото коло на Лигата на шампионите меѓу Барселона и Металург.

Повеќе...

Барса и Лазаров спектакуларни и против Металург

kire metalurg

Барселона - Металург 35:17 (17:5)

По втор пат во неполн месец, македонски ривал се обиде да застане на патот на Барселона во Лигата на шампионите. Скопски Металург како лидер во групата Ц, пристигна во Каталонија против Лазаров и другарите. Капитенот на нашата репрезентација, за прв пат во карирата играше официјален натпревар против клубот од Автокоманда. Мечот одлично го отвори Дарко Станиќ и му го одбрани седмерецот на Хуанин Гарсија.

Повеќе...

Се најавуваше дерби, заврши како гол-шоу на Барселона

kire tun golema

Грањолерс - Барселона 20:34 (10:17)

По години и години доминација на големата Барселона, меѓусебната каталонска пресметка Грањолерс и Барселона го дочекаа со ист број на бодови. Во прекрасен амбиент дербито од 6 коло на ASOBAL лигата, со гол го отвори Карабатиќ, за веднаш да возврати Перез.

Повеќе...

Грањолерс - прв вистински тест за Барселона

576 1346068787vallesoriental bmgranollers pretemporada

Првото големо дерби во шпанската ASOBAL лига тропа на врата. Во вторник навечер каталонските ривали Грањолерс и Барселона ќе играат за бодови, но и за потврда дали екипата од малото каталонско градче е противкандидат на дрим-тимот на Пасквал или не?

Повеќе...

ФОТО: Сопругите на ракометарите на Барса, подготвени и за Металург!

kire i familija so vesna

Другата страна на еден ракометен натпревар од гледна точка на семејствата на звездите на Барселона, ни ја пренесе новинарот Игор Филевски, кој живее и работи во Барселона. Тој ја одслика атмосферата на „балканскиот дел„ од славната Барса и нивните сопруги и наследници.

Повеќе...

Нова тренинг победа за Барселона

kire 06 102013

Барселона - Анхел Хименез 39:23 (20:9)

На само два дена до каталонското дерби со Грањолерс, лидерот Барселона во „Палау Блауграна„ го дочека новиот член на шпанското елитно друштво, Анхел Хименез. Франзуцинот Карабатиќ и младиот Арињо го отворија мечот со по два гола и Барса во 6 минута поведе со 4:1. Организаторот на играта на Анхел Хименез, Сиера Фернандез со два гола од надворешните позиции го одржуваше ритамот (5:3).

Повеќе...

ФОТО: „Кире мајстор, фрли ми го дресот„

kire-transparent-500

Македонските љубители на ракометот ги има насекаде низ светот. Популарната „Фаланга„ ја бодри нашата репрезентација насекаде низ светот, но и во секоја прилика им дава подршка на ракометарите во своите клубови.

Повеќе...

Лазаров: „Ова е прав момент да се обезбеди ракометната иднина„

Kire-Lazarov01

Во најновото опширно интревју за специјализираниот портал „Balkan-handball„ Кирил Лазаров говореше за првите два месеци минати во Барселона, за првите два трофеи, за слоганот Барса - повеќе од клуб. Но како и секогаш се осврна и на македонскиот ракомет, на ремито со Вардар во Скопје, на победата на Металург над ПСЖ и секако на репрезентацијата.

Повеќе...

Барса и кога нема ден, победува убедливо

Sorhaindo.v1377685623

Гвадалахара - Барселона 28:35 (11:15)

Барса со вистински пристап влезе во мечот во Гвадалахара крај Мадрид и по само три минути постигна три лесни гола на крилата и пивотменот Нодесбо. Но не беше се така лесно во продолжението на мечот. Момците на Матео Гаралда преку корпулентниот Плаза Лара намалија на 2:3.

Повеќе...