Спектаклот ги оправда очекувањата, младите за нијанса подобри од ветераните
Македонија - Македонија (ветерани) 25:21 (12:12)
Вечерва во СЦ „Борис Трајковски" се одржа ракометен спектакл, дуел меѓу актуелната репрезентација на Македонија и тимот на македонските ракометни ветерани, помладите го добија мечот со 25:21.
Репрезентацијата комплетна по празниците, следи спектаклот во СЦ „Борис Трајковски“
Македонската машка ракометна репрезентација продолжува со подготовките за настапот на Светското првенство во Полска и Шведска. По клупските обврски во составот се и Филип Кузмановски и Никола Митревски.
Среќни новогодишни и божиќни празници
Официјалната веб страна на Кирил Лазаров на сите државјани на Македонија, на сите вљубеници во спортот и сите наши читатели им ги честита новогодишните и божиќните празници, со желба за добро здравје и успех во сите сфери на животот, посебно во спортот. Среќна и берикетна 2023 година во која пред нас се нови спортски предизвици, пред се во светот на ракометот
Минимален пораз во вториот тест дуел против Црна Гора
Македонија - Црна Гора 30:31
Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора со 30:31 во вториот контролен натпревар што се играше во Маврово. Вчера нашиот национален тим беше подобар со 38:33. Двете репрезентации се подготвуваат за Светскиот шампионат што на почетокот на идната година ке се одржи во Шведска и Полска.
Лазаров награден за величенствената кариера во изборот на АМС
Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации вечерва на свечена манифестацијата ги избраа најдобрите во спортска Македонија за оваа 2022 година.
Лазаров: Треба уште многу работи да поправиме, ќе пробаме нешто друго на утрешниот дуел
Машката ракометна репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за новиот настап на СП во Полска и Шведска. Како дел од подготовките се и двата контролни, пријателски натпревари против Црна Гора.
Македонија ја надигра Црна Гора во првиот контролен дуел во Маврово
Македонија - Црна Гора 38:33 (19:13)
Македонската ракометна репрезентација забележа победа на денешниот натпревар со Црна Гора. Избраниците на селекторот Кире Лазаров одиграа рутински натпревар и заслужено победија со 38:33 (19:13).
IN MEMORIAM: Почина првиот ракометен тренер на Кирил Лазаров!
Голема загуба доживеа македонскиот ракомет, откако денес почина тренерот Илчо Јанев. Јанев во моментов беше дел од школата на КЛ7 во Свети Николе, а најпознат во ракометните води е по тоа што го создаде најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров.
Македонија на Лазаров ја декласира Турција во далечниот Ван
Турција - Македонија 27:36 (8:17)
По лесната победа над Луксембург, македонските ракометари во далечниот Ван ja совладаа Турција со 27:36 во второто коло од евро-квалификации.
Лазаров: Ќе бидам поддршка за нашите ракометарки на секој натпревар!
Македонија оваа година ќе бидe домаќин на Европското ракометно првенство за жени. Покрај во Скопје, шампионатот ќе се игра и во Подгорица и Љубљана.